Патишка Река

Facebook
Twitter
WhatsApp

Северни страни, кулоари, мраз, карпа, одлично микс качување

Патишка река се наога на 40 км од Скопје. Со својата специфична организација на мразот Големиот кулоар нуди одлични услови за качување на насоки со различни тежини и во различни техники на качување. Должината е преку 150м. Сувата карпа е со должина од околу 200м. Нуди прекрасни услови за качување во летниот период токму поради северната експонираност и пријатната клима, в зима е оргинална “копија” на тешките карпи во Алпите.

Амфитеатарот природата го создала како терен погоден за обука на почетници. Овде може да се постават голем број вежбалишта каде би се вежбале техники за качување на мраз, но може и да се качува во посебно сложени миксови во некој од кулоарите повисоки од 200м.

Локалитети

Локалитет Плоча

Алпинистичко, спортско качувачки локалитет Плоча се наоѓа во југоисточна Македонија на 23 километри од градот Штип. До него води регионалниот пат Штип-Радовиш, а од главниот град Скопје се  стигнува преку автопатот М75 Скопје-Велес и регионалниот пат Велес-Штип.

Остра Карпа, Стогот

Остра карпа е по многу што единствен локалитет во нашата земја. Се наоѓа во карпест масив на Селечка планина кој се протега во должина од 20 км, сместен северно и југозападно од градот Прилеп. Карпата по својот состав е гранит со примеси и нуди одлични услови за уживање во искачувањето од типот на clean free climbing.

Солунска Глава

Солунска Глава е најмаркантниот алпинистички објект сместен во централниот дел на земјата, на планината Јакупица. Солунска Глава всушност преставува највисокиот врв на планината Јакупица со надморска височина 2540 м. Карпите на Солунска Глава  се сместени во форма на амфитеатар над изворот на реката Бабуна со широчина од околу 5 км. и височина до 1000м., а познати се под името Нежилови стени (Нежилови карпи).