Остра Карпа, Стогот

Facebook
Twitter
WhatsApp

Качување во чист стил со сопствено осигурување, френдови, чокови.

Остра карпа е по многу што единствен локалитет во нашата земја. Се наоѓа во карпест масив на Селечка планина кој се протега во должина од 20 км, сместен северно и југозападно од градот Прилеп. Карпата по својот состав е гранит со примеси и нуди одлични услови за уживање во искачувањето од типот на clean free climbing. Карпата се наоѓа на надморска височина од околу 1300м, со експонираност на делови кон сите страни на светот, така да дозволува искачување во текот на целиот период од годината. Должината на алпинистичките насоки изнесува околу 150м, со тежини од III до VIII. Има релативно добра заштита in situ ситу но неопходно е носење на доволно опрема како friends, nuts, и по некој питон.

Регионот е главно девствен, и дава одлични услови за екстремни спортско качувачки насоки со должина и до 100м. Приоди има повеќе. Еден е од градот Прилеп преку селото Селце по маркирана планинарска патека за околу 3 часа.

Друг приод води од Прилеп по асфалтен пат за регионот Мариово, па потоа по земјен пат за манастирот Св. Никола над селото Прилепец. Од манастирот се пречи падината на планината во лево се до широкиот кулоар под карпите. Потоа по кулоарот нагоре до карпите. Време на приод од манастирот околу 1 час. Сместување. Најдобро сместување е во манастирот Св Никола, кој не може да се пофали со својата хигиена. Постои можност и за сместување на едно плато над карпите, во шатори.

Локалитети

Локалитет Плоча

Алпинистичко, спортско качувачки локалитет Плоча се наоѓа во југоисточна Македонија на 23 километри од градот Штип. До него води регионалниот пат Штип-Радовиш, а од главниот град Скопје се  стигнува преку автопатот М75 Скопје-Велес и регионалниот пат Велес-Штип.

Патишка Река

Патишка река се наога на 40 км од Скопје. Со својата специфична организација на мразот Големиот кулоар нуди одлични услови за качување на насоки со различни тежини и во различни техники на качување. Должината е преку 150м. Сувата карпа е со должина од околу 200м.

Солунска Глава

Солунска Глава е најмаркантниот алпинистички објект сместен во централниот дел на земјата, на планината Јакупица. Солунска Глава всушност преставува највисокиот врв на планината Јакупица со надморска височина 2540 м. Карпите на Солунска Глава  се сместени во форма на амфитеатар над изворот на реката Бабуна со широчина од околу 5 км. и височина до 1000м., а познати се под името Нежилови стени (Нежилови карпи).