Локалитет Плоча

Facebook
Twitter
WhatsApp

Локалитетот е на надморска височина од 320 метри

Алпинистичко, спортско качувачки локалитет Плоча се наоѓа во југоисточна Македонија на 23 километри од градот Штип. До него води регионалниот пат Штип-Радовиш, а од главниот град Скопје се  стигнува преку автопатот М75 Скопје-Велес и регионалниот пат Велес-Штип.

Локалитетот Плоча е еден од најдобро опремените алпинистичко-спортско качувачки  локалитети во Македонија, кој е поделен во неколку сектори и располага со околу 30 алпинистички и 30 спортски насоки со различна тежина и повеке болдери. Повеќето насоки се обезбедени со експанзиони клинови кои што нудат максимална безбедност за почетници, но има и насоки со алпинистички клинови и насоки за традиционално качување. Просечната должина на алпинистичките насоки е околу 100 метри, а на спортските од 8 до 20 метри. Карпите се со североисточна експонираност и по состав се Андезит кој се одликува со голема цврстина и компактност.

Самиот предел околу локалитетот нуди голема можност и за рекреативна посета, планински велосипедизам и туристички прошетки. Местото е прекриено со Дабова шума во која има маркирано неколку патеки со поставени клупи за одмор. Исто така можат да се посетат и археолошките наоѓалишта на Пилав Тепе и врвот Плоча, манастирот Свети Пантелејмон и црквата Свети Атанасиј. Локалитетот нуди сместување во алпинистичкиот дом ’’Плоча“ кој располага со 12 легла и тоалет со туш и може да се користи со претходна најава.

Локалитети

Патишка Река

Патишка река се наога на 40 км од Скопје. Со својата специфична организација на мразот Големиот кулоар нуди одлични услови за качување на насоки со различни тежини и во различни техники на качување. Должината е преку 150м. Сувата карпа е со должина од околу 200м.

Остра Карпа, Стогот

Остра карпа е по многу што единствен локалитет во нашата земја. Се наоѓа во карпест масив на Селечка планина кој се протега во должина од 20 км, сместен северно и југозападно од градот Прилеп. Карпата по својот состав е гранит со примеси и нуди одлични услови за уживање во искачувањето од типот на clean free climbing.

Солунска Глава

Солунска Глава е најмаркантниот алпинистички објект сместен во централниот дел на земјата, на планината Јакупица. Солунска Глава всушност преставува највисокиот врв на планината Јакупица со надморска височина 2540 м. Карпите на Солунска Глава  се сместени во форма на амфитеатар над изворот на реката Бабуна со широчина од околу 5 км. и височина до 1000м., а познати се под името Нежилови стени (Нежилови карпи).