Лешница

Facebook
Twitter
WhatsApp

Во зимскиот период температурите достигнуваат до околу -30

Лешница преставува еден мошне живописен регион во срцето на Шар Планина, најубавиот планински масив во нашата земја. Алпинистичките локалитети во регионот се разместени на површина во радиус од 10 км. Лешница е пред се атрактивна за зимски алпинизам за што нуди можности за сите различни вкусови на зимскиот алпинизам : Заледени кулоари со должина од 300 до 700 метри, комбинирани искачувања на кулоари со карпа, замрзнати водопади (околу десетина) со должина од 10 до 30 метри, одлични терени за екстремен ски алпинизам со можност за организирање натпревари. Со оглед на тоа што околу Лешница се наоѓаат највисоките врвови на Шар Планина со висина околу 2700м и огромни пространства кои се наоѓаат на висина над 2500м со дебела снежна покривка од Ноември до Мај, што пружа идеални услови за подготовки за експедиции. Во локалитетот се среќаваат зимски алпинистички проблеми со екстремни тежини, а амбиентот на искување е комплетно алпски.

Локалитетот е главно девствен. Во изминатите 15 години интензивно качувавме на Лешница и не успеавме да искачиме повеќе од 15% од она што може да се искачи. Карпата по состав е варовник со прилична кршливост, значително намалена во зимскиот период кога температурите достигнуваат околу -30 степени, во просек околу -15. Објектите интересни за алпинизам се главно северно експонирани но има и такви со западна па и јужна поставеност. Алпинистичките насоки, со оглед на тоа што станува збор за зимски искачувања се слабо обезбедени.

Комбинирани искачувања на кулоари со карпа, замрзнати водопади.

До Лешница може да се стигне на повеќе начини но најдобар приод во зимскиот период е од скијачкиот центар Попова Шапка, па преку врвот Церипашина се спуштаме во долината на Лешница. Во зимски услови приодот од Попова Шапка до Лешница во зависност од снежните услови, за добро подготвени алпинисти изнесува од 3 до 10 часови. Сместување во долината на Лешница постојат неколку објекти кои нудат удобно сместување а можат да се користат со претходна најава. Покрај тоа има неколку бачила од цврста градба со релативно добар комфор. Влезот во алпинистичките насоки е одлаечен околу 30 до 45 минути од објектите за престој.

Едноставно Лешница вреди да се посети. Дополнителни информации можат да се добијат во Сојузот на алпинистите.

Локалитети

Локалитет Плоча

Алпинистичко, спортско качувачки локалитет Плоча се наоѓа во југоисточна Македонија на 23 километри од градот Штип. До него води регионалниот пат Штип-Радовиш, а од главниот град Скопје се  стигнува преку автопатот М75 Скопје-Велес и регионалниот пат Велес-Штип.

Патишка Река

Патишка река се наога на 40 км од Скопје. Со својата специфична организација на мразот Големиот кулоар нуди одлични услови за качување на насоки со различни тежини и во различни техники на качување. Должината е преку 150м. Сувата карпа е со должина од околу 200м.

Остра Карпа, Стогот

Остра карпа е по многу што единствен локалитет во нашата земја. Се наоѓа во карпест масив на Селечка планина кој се протега во должина од 20 км, сместен северно и југозападно од градот Прилеп. Карпата по својот состав е гранит со примеси и нуди одлични услови за уживање во искачувањето од типот на clean free climbing.