Демир Капија

Facebook
Twitter
WhatsApp

Демир Капија по својот состав ја прави да биде најквалитетна кај нас

Алпинистичкиот, спортско качувачкиот локалитет “Демир Капија” се наоѓа во централниот дел од Македонија, на100км од Скопјe. На самиот автопат E-75 Скопје-Гевгелија се издигнува карпата покрај реката Вардар. Наједноставно до насоките се доаѓа  од  паркингот  помеѓу  двата  тунели. Низ течението на Челевечка река има околу 10 алпинистички насоки додека овде се и најголемиот дел од спортските насоки поделени на сектори. На самиот паркинг и околу него постојат по неколку алпинистички насоки.

300 метарските насоки нудат вистинско алпинистичко искачување

По течението на Челевечка река и уливањето во Вардар на само стотина метри од тунелите се движиме во десно по ферати и сајла над реката Вардар и по стотина метри доаѓаме до најпопуларните околу 25 алпинистички насоки. Постојат и други приоди до овој дел, но тие се малку по сложени. Карпата по состав е чист варовник со одлична компактност, но на одредени делови е ронлива. Можноста за заштита во карпата е одлична, нуди користење на клинови, чокови, френдови, практично се, но повеќето од насоките се обезбедени со алпинистички клинови, а на сидриштата со експанзиони. Должината на алпинистичките насоки изнесува од 100 до 300 метри.

Најдобро сместување е во шатори крај реката Вардар, а најдобар период за качување е од март до јуни и од септември до ноември.

Локалитети

Локалитет Плоча

Алпинистичко, спортско качувачки локалитет Плоча се наоѓа во југоисточна Македонија на 23 километри од градот Штип. До него води регионалниот пат Штип-Радовиш, а од главниот град Скопје се  стигнува преку автопатот М75 Скопје-Велес и регионалниот пат Велес-Штип.

Патишка Река

Патишка река се наога на 40 км од Скопје. Со својата специфична организација на мразот Големиот кулоар нуди одлични услови за качување на насоки со различни тежини и во различни техники на качување. Должината е преку 150м. Сувата карпа е со должина од околу 200м.

Остра Карпа, Стогот

Остра карпа е по многу што единствен локалитет во нашата земја. Се наоѓа во карпест масив на Селечка планина кој се протега во должина од 20 км, сместен северно и југозападно од градот Прилеп. Карпата по својот состав е гранит со примеси и нуди одлични услови за уживање во искачувањето од типот на clean free climbing.