Нова насока на Демир капија „Ружица“

Facebook
Twitter
WhatsApp

На 19.09.2026 од нашите членови Радован и Стефанија беше искачена првенствена насока „Ружица“  295м VI на Јужен ѕид во Демир Капија. Пристапот до насоката е преку фератата која оди кон Јужен од кањонот.


Стартот на насоката е од виа фератата каде што се наоѓа почетокот за „Фина насока“.
Додека ,,Фина насока” започнува нагоре по столбот и се префрла лево, првата должина го следи жлебот право нагоре сé до дрво на кое се прави сидриште (ние поставивме плус френд) на 65 м Теренот е лесен со оценка III+ но сепак не треба да се потцени поради присуство на вегетација и лабави камења.
Втората должина продолжува по левиот жлеб кој започнува со компактна карпа но завршува со ронлив дел. Го следиме жлебот се до вториот закован клин на левиот ѕид од каде што над него право нагоре се излегува од жлебот (оценка VI, може да се заобиколи од лева страна – оценка V) ,и се префрламе на гребенот – поради ронливост на излезот од жлебот се префрливме лево порано. Се продолжува десно од дрвата и се излегува десно на покомпактен терен (не се продолжува нагоре по гребенот) каде направивме сидриште со френдови. 55м, VI
Третата должина е всушност преминување по лесен терен II-III, 110м за да се стигне до следниот жлеб на нашата, тогаш замислена линија. Овој дел го одевме паралелно, а сидриштето го направивме на почеток на жлебот со своја опрема.
Четвртата должина е убаво качување нагоре по жлебот, преку двата заглавени големи камења, се до излез. Сидриште (френдови) на убава полица. 65м, III+.

Отстап – преку лесен терен за качување се упативме лево, па надолу кон абзелот над кутија.

За качување користевме лична опрема, биколори, сет френдови и чокови, 12 комплети, чекан, клинови и куки.

Новости

Насока Касни порасни

На 20.09.2026 нашите членови Стефанија и Радован искачија првенствена насока „Касни порасни“ 195м, VII- на Вардар ѕидот во Демир Капија. Можe да