Првенствена насока “Вертикални приказни” VII-, 175м

Facebook
Twitter
WhatsApp

Насоката се наоѓа на Јужен ѕид во Демир Капија, во левиот дел на карпата под Козја пештера. Пристапот е по фератата од кањонот до самиот раб на реката најлево, последниот жлеб.
За прв пат линијата ја воочивме лани и тогаш ја пробавме, стигајќи до превисниот дел на втората должина по што отстапивме.
На 20.03.2026 повторно влеговме во насоката и ја искачивме во водство напредувајќи слободно. Први качувачи Радомир Набаков и Радован Џ.

Првата должина се движи по рампа до полица (сидриште 2к) лево под големо дрво. 25м, III+
Втората продолжува нагоре по превисен жлеб кој по црната плоча излегува нагоре и продолжува во следниот жлеб до дрво за сидриште на 50м, тежина VII-, оставени 7клина in situ.
Третата продолжува десно од дрвото до излез од карпата и се префрла преку патека до црниот камин. Должина 55м, II-III, сидриште на дрво.
Четвртата го следи каминот до излез на врв, сидриште на дрво, должина 45м, тежина IV.
За качување ни беше потребно биколори 60м, лична опрема, 12 комплети, сет чокови и френдови, чекан, клинови и куки.
Отстапот е во десно преку абзелот над кутијата па надолу по фератата. Може да се отстапи и по патеката лево преку сектор Сахара.

Насоката е логичен и доволно обезбеден алпинистички систем на жлебови и камин која нуди убави движења и вреди да се искуси.

Новости