Насока Касни порасни

Facebook
Twitter
WhatsApp

На 20.09.2026 нашите членови Стефанија и Радован искачија првенствена насока „Касни порасни“ 195м, VII- на Вардар ѕидот во Демир Капија. Можe да се пристапи по фератата од кањонот или од секторот Плажа.

Насоката се наоѓа десно во централниот дел на карпата и го дели стартот со насоката „Полифонија“.
На почетокот се видливи два жлеба каде нашата насока се движи по левиот жлеб и поминува лево од првион експанзионен на Полифонија, го заобиколува дрвото од десно и продолжува по столбот благо во десно во правец кон дијагоналниот жлеб. Сидриштето го направивме на 45 м ( 5-6 метри над големата полица – френд и чок). Од тука на 2 метри право и лево е видлив клин од Полифонија. Оцена IV+.
Втората должина продолжува право нагоре и се влегува дирекно во жлебот кој го следи нагоре. Првите 7-8м всушност ги дели со насоката „12“ – (12 скршнува десно по друг жлеб на десниот ѕид). Се движиме по жлебот и плочата кон дрвото, каде оставивме три клина, два пред и еден клин после дрвото, па се стигнува на сидриште од 3 ковани клинови. 45м VII- .
Третата должина повторно го следи жлебот и каде што има закован клин почнуваме да се движиме нагоре десно по столбот ( има уште еден клин по столбот). По столбот нагоре, преку лесен превисен мев му пристапуваме на таванот од десно, преку благ превис (1 клин) се продолжува нагоре и се движиме кон големото дрво на кое се прави сидриште. 60 м, VI+
Четвртата должина е вистински мелем за качување и одлична релаксација од качувањето подолу, се движи право по жлебот по компактна карпа и добри места за свое обезбедување. На излез од жлебот направивме сидриште со гуртна околу камен. 45, V+

Од последното сидриште за отстап се упатува в лево кон гребенот на „Ребро без доручек“ од каде се користат сидриштата за абзел (3 абзели по 50м).За качување понесовме лична опрема, биколори, сет френдови и чокови, 12 комплети, чекан, клинови и куки.

Сликите по редослед:
1 – Vardar wall nacrt
2- Полифонија
3. l1
4. Л.21
5. сидриштето
6. од вторенствена кон трета
7. скица
8. кон абзелот

Новости