ОТРОВ (Отровност)

Facebook
Twitter
WhatsApp

Отровот на змиите им служи првенствено за совладување на пленот, но има и дигестивна функција, односно отровот ја забрзува преработката на храната, благодарение на ензимното дејство. Отровот се користи и како заштитно средство, но оваа нејзина функција се појавува секундарно во процесот на еволуцијата. Бидејќи отровот е изграден на протеинска основа и не може да се формира во големи количини, во повеќето случаи змиите претпочитаат да не каснуваат луѓе, и да си го штедат отровот. Отровот на змиите е најефективен за животните, коишто змијата ги јаде, другите животни може да се понечувствителни кон отровот.

Содржината на отровот варира од вид до вид, па дури и кај змии од исти вид. На својствата на отровот влијае и староста на змијата, изборот на храната, местото на живеење и др.

Отровот всушност е воден раствор со бројни ензими, токсини и протеини. Тој е воднеста, вискозна, безбојна или жолтеникава течност. Со сушење се добива бел или жотеникав прав. Вака исушен може да трае десетици години, а да не ги изгуби биолошките својства.

Змијскиот отров грубо може да се подели на хемотоксичен и нервнотоксичен.

Хемотоксичниот отров делува на крвта, предизвикува пореметувања во бројот на крвните зрнца, го забрзува или спречува згрутчувањето на крвта или истовремено разорува различни ткива. Нервнотоксичниот отров воглавно не го разорува ткивото, туку делува на нервниот систем и го запира голтањето, дишењето и работата на срцето. Секоја змија ги поседува и двата отрова, само што едниот секогаш преовладува, зависно од видот. Отровот на змиите отровници во Европа е хемотоксичен (крвен отров).

Овде треба да се напомене дека не мора да дојде до труење затоашто змијата често и не вбризгува отров кога каснува заради предупредување (т.н. суво каснување).

Бобан Стојанов

Новости

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Македонска Алпинистичка Федерација чувствува должност да се обрати до јавноста по повод неодамнешната објава на планинарката Ирина Дишовска за нејзиното соло искачување на врвот Матерхорн на Алпите.

БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ (ВЕТЕР)

Ветровите имаат основна насока на движење, којашто зависи од насоката на пробивање на атмосферската маса. При достигнувањето на воздушната маса до планинските падини насоката се менува, и така настануваат локалните ветрови.

ВРНЕЖИ

Треба да се нагласи дека постоењето на релативна влажност на воздухот со износ од 100% не значи задолжително и појава на врнежи. Овој услов е неопходен за формирање на облаците, но не и доволен за појава на врнежи.