Нова алпинистичка насока во Демир Капија

Facebook
Twitter
WhatsApp

На 17.11.2024 беше искачена првенствена насока “Милојкова” 160м, VI- во Демир Капија на Вардар ѕидот од страна на членови на Алпинистички клуб Скопје Стефанија и Радован. Качувана е во водство и на прва во слободен стил, има 4 должини.

Пристапот е после вториот тунел и по фератата, на крај од фератата се врти десно и се оди нагоре до подножјето на катпата.
1. Должина е со оцена IV и 55м дожнина, оди в лево покрај 2 дрва до жлеб кој го следи до крај и по излегување се прави сидриште на дрво.
2. Втората оди влево накај жлебот но не го продолжува до крај туку влегува во еден превисен скок полево по кој се излегува на полесен терен до сидриште (два ковани клинови) на 45м, V+
3. Третата го следи жлебот во десно и излегува на полицата после 20м од лева страна на сидриште од 2 ковани клина. Оставивме 2 клина ин ситу.
4. Оди в лево во плочест дел со тесна пукнатина по која се напредува, со тежина од VI- каде поставивме 3 клина. После деталот се продолжува в десно над едно дрво и право по кршлив терен до излезот на насоката каде сидриштето го направивме на мало дрво и замка околу камен. Должина околу 50м.
За отстап го следевме гребенот в лево до последното сидриште на “Ребро без доручек” од каде абзелувавме. (има абзел станици на 30м)
Потребна опрема за качување на насоката сет френдови (ние користевме помали Тотеми и Блек Диамонд до 2ка), сет чокови, чекан, 2-3клинови, 12 комплети.

Новости

Поставени нови иноксни ознаки со имиња од насоки на Матка

🌄 Македонската алпинистичка федерација – МАФ презеде уште еден значаен чекор за подобрување на безбедноста и ориентацијата на локалитетот Матка! Поставени се иноксни плочки кои го означуваат името и оцената на поголемиот дел од алпинистичките насоки.

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Македонска Алпинистичка Федерација чувствува должност да се обрати до јавноста по повод неодамнешната објава на планинарката Ирина Дишовска за нејзиното соло искачување на врвот Матерхорн на Алпите.