СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Facebook
Twitter
WhatsApp

Македонска Алпинистичка Федерација чувствува должност да се обрати до јавноста по повод неодамнешната објава на планинарката Ирина Дишовска за нејзиното соло искачување на врвот Матерхорн на Алпите.

Изминативе денови преку социјалните медиуми и одредени портали до некои од членовите на МАФ дојде информацијата за соло искачување на врвот Матерхорн од страна на Ирина Дишовска, член на ВАК Анапурна при ФПСМ.

При читање на извештајот објавен на нејзината facebook страна и разгледување на фотографиите, наши членови забележаа дека постои основа да се сомневаме во веродостојноста на фотографиите, или за можно лажирање на дел од искачувањето, кои според нашите видувања и етички кодекси не е прифатливо.

Пред се, ние ги немаме сите факти за тоа искачување, и нема да навлегуваме во процена дали било или не извршено искачувањето, и оставаме да одлучат одговорните луѓе при ФПСМ кои веруваме сериозно и темелно ќе го истражат тоа, како и дека ќе донесат правилна одлука, а укажуваме на она што според нас е сомневање во веродостојноста на фотографиите.

Она што не наведува на ова сомневање се две фотографии во извештајот на планинарката.

1. Фотографијата на самиот врв каде што планинарката е фотографијата пред крстот. Тука сме сигурни дека се работи за очигледна и неумешно направена фотошоп интервенција во оргинална фотографија која е претходно објавена на интернет од страна на Македонски планинар, и која е од неговото искачување на Матерхорн на 23.07.2018. Ирина во текстот вели дека се сликала со свој мобилен телефон!

2. Втората според нас спорна слика е онаа, каде Ирина укажува на еден клучен дел – Џордановите скали. Тука е употребена слика која е превземена од интернет од Италијански портал, и датира уште од 8 јули 2017та година. 

3. Повеќете слики се близу домот, а двете клучни се според нас неверодостојни. Би ја потенцирале и контрадикторноста во користењето јаже – приказната дека е кристено нејзиното јаже за абзел со Пољаците. На една од сликите тие носат розево јаже, на уште фотографија се гледа поставено за абзел на снег тоа розево јаже, на неколку други слики се гледа Ирина како абзелува на друго плаво јаже.

Како Македонска алпинистичка федерација за нас е нерифатливо прикажување на лажни информации за едно качување, со кое се менува ликот на експедицијата, тежината на насоката, стилот и севкупно успешноста на тоа качување.

Како дел од заедницата, МАФ остро протестира против вакво нешто, и очекуваме од надлежните итно да го истражат овој случај, со што би се отфлиле било какви сомнежи околу ова искачување, за да се избегне било каква трага која би го нарушил угледот на сите луѓе кои ја почитуваат планината, и сите оние кои без разлика на кој врв се качуваат тоа го прават на етички исправен начин.

Не прејудицирајки децидно каков ќе биде ставот на матичната организација каде што планинарката членува, сакаме само да напоменеме дека МАФ во својата работа се води од високи етички принципи кои се неспоиви со лажирање фотографии за лажно прикажување на активностите во јавноста. Бидејќи искачувањето беше означено во дел од медиумите како врвно алпинистичко достигување на алпинистот Ирина Дишовска, ние чуствуваме должност да ја информираме јавноста и медиумите дека Ирина не е алпинист, ниту член на МАФ или некој од алпинистичките клубови, и нема завршено алпинистичка обука во Алпинистички клуб односно регистрирана институција која согласно законот за спорт може да се занимава со алпинизам и да дава таква обука.

Со почит,

Македонска Алпинистичка Федерација

Новости

ОТРОВ (Отровност)

Отровот на змиите им служи првенствено за совладување на пленот, но има и дигестивна функција, односно отровот ја забрзува преработката на храната, благодарение на ензимното дејство.

БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ (ВЕТЕР)

Ветровите имаат основна насока на движење, којашто зависи од насоката на пробивање на атмосферската маса. При достигнувањето на воздушната маса до планинските падини насоката се менува, и така настануваат локалните ветрови.

ВРНЕЖИ

Треба да се нагласи дека постоењето на релативна влажност на воздухот со износ од 100% не значи задолжително и појава на врнежи. Овој услов е неопходен за формирање на облаците, но не и доволен за појава на врнежи.