МЕМОРИЈАЛНИОТ АЛПИНИСТИЧКИ СОБИР “ЗОРАН МАЈСТОРСКИ”

Facebook
Twitter
WhatsApp

После една година од смртта на основачот на 6-то Ноемврискиот собир, Зоран Мајсторски, на местото кое беше негова голема љубов, Пилав Тепе, се одржа искачување на насоките кои тој добро ги владееше.

Тринаесет години го организираше овој традиционален собир кој годинава го преименуваме во меморијален и го носи токму неговото име во негова чест.

Пријатели, колеги и луѓе кои работеа со Зоки оддадоа почит и заедно ја продолжија традицијата и љубовта кон алпинизмот како што тоа го правеше нашиот непрежален Зоран.

Постхумано Зоки вчера по повод празникот на градот 6-ти ноември доби признание од страна на Општина Радовиш за неговите врвни спортски достигнувања, признание исто доби и Драган Станишков кои загинаа минатата година.

Врвовите ќе останат неискачени, иако сега си многу повисоко од нив.

Вечна ти слава другар и колега наш!

Активности

Нова алпинистичка насока во Демир Капија

На 17.11.2024 беше искачена првенствена насока “Милојкова” 160м, VI- во Демир Капија на Вардар ѕидот од страна на нашите членови Стефанија и Радован. Качувана е во водство и на прва во слободен стил, има 4 должини.

Поставени нови иноксни ознаки со имиња од насоки на Матка

🌄 Македонската алпинистичка федерација – МАФ презеде уште еден значаен чекор за подобрување на безбедноста и ориентацијата на локалитетот Матка! Поставени се иноксни плочки кои го означуваат името и оцената на поголемиот дел од алпинистичките насоки.