Меморијален алпинистички собир – Македонски алпинистички великани 2022

Facebook
Twitter
WhatsApp

Во текот на викендот, 14/15 мај 2022, на Матка ќе се одржи традиционалниот меморијален алпинистички собир, посветен на великаните на македонскиот алпинизам.

Собирот ќе се спроведува според неформална програма, која во текот на денот ќе се состои од качување по избор во долги и кратки насоки, а сместувањето ќе биде во шатори во дворот на манастирот Свети Никола (Шишевски Манастир) и исхраната ќе биде “од ранец“.

Македонската алпинистичка федерација ги потсетува сите учесници на собирот дека треба да поседуваат комплетна опрема за качување и логорување, прилагодена според планираните активности и условите кои владеат во локалитетот, како и да се придржуваат до правилникот и актите за работа на МАФ.

Официјално собирот ќе се отвори во 8:30 часот наутро на 14ти мај (Сабота). За да не дојде до пренатрупување на некои насоки, а и од безбедносни причини, ќе има одговорно лице кое ќе води евиденција на наврските по насоки и таму ќе може да се пријавите и да добиете информација која ви е потребна.

Активности

Алпинистички викенд Матка 2022

Македонската Алпинистичка Федерација, со големо задоволство Ви го најавува, и Ве поканува да бидете дел од алпинистичкиот викенд на локалитетот Матка.

АЛПИНИСТИЧКИ КАМП – НЕЖИЛОВИСТЕНИ 2022

Повик за учество во Алпинистичкиот камп, кој ќе се постави под Нежилови Стени викендот 15/16 Октомври 2022. Идејата е да се пристапи до карпата во сабота 15ти Октомври, до полицата каде што ќе се постави камп, да се разгледа карпата и да се направи план за качување во недела.