На 09.08.25′ од страна на нашите членови Радован, Димитар и Стефанија беше искачена првенствена насока “Gold Premium VI(+) 165m” на планината Стогово, под врвот Канеш во карпата “Sasso di Gari”.
Најверојатно ова е прво алпинистичко искачување на карпата бидејќи не сретнавме запис кој кажува поинаку. Качувањето беше предизвикувачко поради ронливост и присуство на трева и мов во замислената линија. Карпата е северно ориентирана и има голем потенцијал за искачување како во летни така и во зимски услови. Насоката се наоѓа во десниот дел на карпата и следи логичен жлеб и камин во првите две должини, третата го заобиколува од десна страна и се враќа назад, за во четвртата да се излезе од подесно по десниот жлеб и пукнатина.
Првата должина е со оцена V+ и должина ~50м. Започнува во десниот дел на жлебот и се движи накај каминот над плочата каде и е најголемата тежина. Оставени се два клина, еден дијагоналец во средина на должината и една кајла на сидриште.
Втората продолжува по жлебот и од десна страна и пристапува на плочата во која има еден не скроз закован клин (кој може да се докова) преку плочата се префрла во лево и нагоре кон жлебот но не се следи во превисниот дел туку се бега десно накај работ до сидриште 1 кајла и можност за гуртна преку камен. Оцена VI(+), 35m.
Третата продолжува по тревестата полица десно до клин од каде се оди нагоре и малку лево до карпа па се пречи назад в лево до жлебот. IV+ 35m, сидриштето го направивме со френдови во една од пукнатините на каминот.
Четвртата не оди право туку го следи десниот жлеб и се префрла преку мала полица со трева кон жлеб па пукнатина за да излезе накај врв, сидриштето може да се направи на некој од поголемите камења со јаже или гуртна. Тежината е V+ со многу убави елегантни движења и чисто качување за крај. ~45m должина
Пристапот е од село Гари, 9км и 1000м висинско искачување, по пат има бачило со кучиња на кое треба да се внимава. Потребна опрема за искачување на насоката лична опрема, сет френдови(со акцент на поголемите), чокови, чекан, клинови, куки.