Препораки за безбедност

Заради безбедно изведување на алпинистичките тренинзи и алпинистичките искачувања, Македонската алпинистичка федерација инсистира на почитување на следниве препораки за безбедност:

  1. Доследно и дословно почитување на сите одредби од Правилникотза работа на МАА.
  2. Задолжителноосигурување од несреќи, во соодветна осигурителна компанија, за секојалпинист. Во прилог на ова, се забранува учество во алпинистички активности на неосигурени лица. 
    Претседателите на алпинистичките клубови треба да ги превземат сите мерки за осигурување на своите членови, а неосигурените членови да се одстранат од алпинистичките активности.
  3. Секој учесник во алпинистичка активност кој работи во рамките на алпинистички клуб мора да има лекарско уверение со кое се потврдува неговата здравствена способност за занимавање со алпинизам. Претседателите на клубовите, не смеат да дозолат учество во алпинистичка активност за лица кои немаат соодветно лекарско уверение.
  4. Лица помлади од 16 (шеснаесет години) можат да учествуваат во алпинистички тренинзи и искачувањана отворено, самосо дозвола на родителот.
  5. Секој клуб каде што се изведуваат алпинистички активности треба да ги исполнува следниве услови:

– Да биде член на Македонската алпинистичка асоцијација (Федерација) и да се придржува до одредбите од Правилникот за работа на МАА.

– Да има решение за вршење спортска дејност – алпинизам, издадено од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.

– Тежината и карактерот на превземените алпинистички искачувања да бидат во согласност со подготвеноста на алпинистите.

– Да се превземаат алпинистички искачувања и тренинзи за кои што, според карактерот и тежината на истите, поединецот и клубот располагаат со неопходната опрема за безбедно изведување на качувањето.

– Не смее да се дозволи учество во алпинистичка активност за алпинисти кои не ја поседуваат потребната опрема за учество во алпинистичко искачување

– Карактерот и тежината на алпинистичките активности и тренинзите да бидат прилагодени според временските прилики и општите услови кои се присутни во алпинистичкиот и качувачкиот локалитет.

  1. Македонската алпинистичка асоцијација (Федерација) не превзема одговорност за безбедноста на лица и клубовикои изведуваат алпинистички искачувања, а не се членови на МАА (Македонската алпинистичка федерација во процес на конституирање), не се придржуваат до одредбите од Правилникот за работа на МАА, не работат под раководство на Инструктор по алпинизам со валидна лиценца, и не ги почитуваат мерките за безбедност.

Во контекст на ова Македонската алпинистичка федерација ќе превземе соодветни активности до надлежните институции во Република Македонија за оградување од овие алпинисти.

Задолжителна лична алпинистичка опрема за учество во алпинистички искачувања и алпинистички тренинзи на ‘‘сува карпа‘‘.

Секој алпинист што сака да учествува во алпинистичка активност и тренинг во ‘‘алпинизам на сува карпа‘‘ треба ЗАДОЛЖИТЕЛНО да поседува:

– Документ за лична идентификација и алпинистичка легитимација.

– Облека што ќе овозможи комотно движење, заштита од дожд, сонце и други атмосферски влијанија.

– Обувки за безбедно движење на планина.

– Ранец за транспорт на опремата, облеката, храната и останатите потреби.

– Прибор за прва помош.

– Сад за течности и вода.

– Алпинистички заштитен шлем.

– Алпинистички појас.

– Патики за качување.

– Средство – алатка за осигурување на партнерот (тип тубус, плочка, осумка; се забранува употреба на алатки од типот на Гри – гри при осигурување во насоки опремени со алпинстички клинови).

– Три (3) карабинери со матица.

– Најмалку три (3) обични карабинери.

– Алпинистички чекан.

– Најмалку четири (4) алпинистички клинови од различен тип.

– Две (2) ‘‘долги‘‘ гуртни од по 60 цм.

– Две (2) замки со пречник од 6мм и должина од по 80 цм.

– Челна батериска светилка.

– Компас / бусола за ориентација.

* Горе наведениот список се однесува на личната алпинистичка опрема при качување во ‘‘обработени‘‘ алпинистички насоки каде што има осигурување “in situ”.
Изборот на опремата за искачување во необработени алпинистички насоки и локалитети, како и изборот на колективната опрема, се прави според потребите на качувањето и во консултација со стручните раководители или ментори на клубовите (Инструктори по алпинизам).

** Претседателите на алпинистичките клубови не смеат да дозволат учество во алпинистички активности за лица кои не ја поседуваат горе наведената задолжителна опрема.