ПРАВЕНСТВЕНИ НАСОКИ

Насока “Маргарита” на Матка во “Димева карпа” – карпата лево од насоките “К” на истоимениот сектор.

На 15.03.2025 членовите на Алпинистички клуб Скопје, Стефанија и Радован искачија првенствена насока “Маргарита” на Матка во “Димева карпа” – карпата лево од насоките “К” на истоимениот сектор.

Насока Милојкова

На 17.11.2024 беше искачена првенствена насока “Милојкова” 160м, VI- во Демир Капија на Вардар ѕидот од страна на нашите членови Стефанија и Радован. Качувана е во водство и на прва во слободен стил, има 4 должини.

“Независна” нова првенствена насока на Демир Капија – 210 метри / 4 должини / оцена IV/VI+

Со задоцнување објавувам за нова насока што ја искачивме летото со Радe и Стефанија.
Бидејќи беше качена на денот на независноста на Македонија – 8 септември 2024, го доби името Независна.

Покрај задоволството да се качуваат нови линии, за мене овој пат беше главен мотив да качувам со Радe и Стефанија, веќе силни алпинисти, но со помалку искуство во однос на нови насоки.

“Вторенствена идеја”, нова насока во Демир Капија, искачена на 03.09.2023

“Вторенствена идеја”, името на нова насока во Демир Капија која ја искачивме на 03.09.2023 со @radenabakov во традиционален стил користејќи френдови и чокови и само еден клин (кој и не е потребен во оваа верзија на насоката), на дел од локалитетот кој спонтано почнавме да го именуваме како Vardar Wall.

Трета смена

Први Качувачи : Зоран Мајсторски, Гоце Јовановски и Јован Станишков.
Должина и тежина : 200 метри 4 должини IV, VII А0 Карпа: Демир Капија
Местоположба : Насоката се наоѓа на левата карпа од реката Вардар во централниот дел, десно од специфичниот голем камин кој ја дeли карпта на два дела.

Нова првенствена насока во Демир Капија – “Вардар Директ” V/VI+

Требаше Вардар да се повлече, и да овозможи пристап по земја, за да конечно успеам да направам обид за првенствено качување во кањонот на Демир Капија.
Насоката која ја качувавме со партнерот Ангел Куртелов се наоѓа на ‘другиот дел’ ако карпата ја поделиме на два големи дела, со паркингот од тунелот во средина. Штом паркираме и тргаме кон Вардар, наместо вообичаено кон повеќето алпинистички насоки во десно, вртиме во лево кон еден огромен дел од карпата, кој досега има само неколку алпинистички насоки, на самиот почеток.

Нова насока во кањонот Матка – “Лего” 4-/6+

Долго време сакав да качам нова првенствена насока на Матка. И конечно после 3 обиди на две различни карпи на Матка, од кои два обида токму на оваа линија успеав да искачам нешто.

Златна средина

For the first time at our alpine club, our members @rade.made and @bojan_mitanoski have established a new route in the Demir Kapija canyon. The location is on the south facing wall, at the end of the canyon.

Чешит Мелем – нова насока на Демир Капија

Изминатиов викенд во Демир Капија се одржа вториот по ред International Outdoor Festival Demir Kapija, собир кој има за цел да ја промовира Демир Капија како интересна дестинација за качување карпи, возење точак, спелеологија, кајак итн

Тријатели – нова насока на Демир Капија

Уште од лани ја мислев оваа линија, тогаш заедно со Методи Чилиманов сакав да ја качам, му предложив еднаш на една од посетите да качуваме превенствено мислејќи на оваа рута, на што тој прифати, но незнам од која причина не качувавме тогаш.

Две нови насоки на северната страна на Остри Врв, “Дрвце” и “Стерна”

Минатиот викенд алпинистите на МАФ со две нови насоки на северната страна на Остри Врв.
Иако температурите не ветуваа многу, сепак се искористи максимумот од околностите.
Едната наврска беше формирана од Александар Дончев и Горан Јорданов од А.К. “Скала”. Тие искачија насока со должина од 500м. и тежина AD, ја именуваа “Дрвце”.
Втората наврска беше од Илија Циривири и Владо Настески од А.К. “Матка”, кои исто така искачија насока со должина од 500м, тежина WI5 60°/90° M3+. Насоката се вика “Стерна”.
Овие две искачувања претставуваат мал дел од потенцијалот на овој локалитет. Наскоро повеќе инфо за насоките и искачувањата.