КОМИСИИ
КОМИСИЈА ЗА ОБУКА
Константин Циривири – раководител
Програмска работа:
Комисијата се грижи за обука, дообука и евидентирање на активноста и степенот на едукација на алпинистите.
Организира семинари, курсеви, испити и води евиденција за активноста и обуката на алпинистите.
Контакт: contact@macf.mk
КОМИСИЈА ЗА АЛПИНИСТИЧКИТЕ ЛОКАЛИТЕТИ
Бобан Стојанов – раководител
Програмска работа:
Комисијата се грижи за уредувањето на алпинистичките локалитети и однесувањето на алпинистите во истите.
Изготвува правилник за уредување и однесување во алпинистичките локалитети.
Контакт: contact@macf.mk
КОМИСИЈА ЗА АЛПИНИСТИЧКИ АКЦИИ И ВРВЕН АЛПИНИЗАМ
Илија Циривири – раководител
Мартин Пејоски – член
Програмска работа:
Изготвува планови и програми за реализација на алпинистички акции и експедиции надвор од Република Македонија, како и програми за развој на врвниот алпинизам.
Контакт: contact@macf.mk
КОМИСИЈА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ И МАРКЕТИНГ
Александар Старделов – раководител
Програмска работа:
Ја креира стратегијата за односи со јавност на Македонската алпинистичка федерација и маркетингшкото работење.
Изготвува планови за работа и активности за делување преку социјални медиуми.
Кoнтакт: contact@macf.mk
КОМИСИЈА ЗА СПАСУВАЊЕ И ТЕХНИЧКА РАБОТА
Антонио Додевски – стручно техничко раководење и координација
Програмска работа:
Изготвува планови и програми за изведување на акции за спасување и го координира учеството на алпинистите во институциите под чија што наделжност е заштитата и спасувањето во Република Македонија.
Контакт: contact@macf.mk
КОМИСИЈА ЗА ЕВИДЕНЦИЈА И АРХИВИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ИЗДАВАЊЕ НА ЛЕГИТИМАЦИИ
Радомир Набаков – раководител
Владимир Цветковски – одговорен за финансико управување на Македонската алпинистичка федерација
Програмска работа:
Води база на податоци за целокупното работење на Македонската алпинистичка федерација, на ниво на федерација, клубови и поединци. Издава и води евиденција за алпинистичките легитимации. Води електронска архива за сите документи на федерацијата.
Контакт: contact@macf.mk
ФИНАНСИСКО УПРАВУВАЊЕ
Владимир Цветковски – одговорен за финансико управување во Македонската алпинистичка федерација
Програмска работа:
Води база на податоци за финасиската состојба, води сметка за исправноста на сите уплати и расходи.
Контакт: contact@macf.mk