Искачен кулоарот Y(Ипсилон) на Лешница!

Facebook
Twitter
WhatsApp

Само по неколкудневна пауза од качување на мраз, балансираните временски услови беа причина повеќе за искачување на кулоарот (Y, 600 метри) на Лешница. Во Новата 2011, континуирано и со огромна брзина, започнаа да се редат подвизите за алпинизмот во Македонија. Започнавме со првенствени на Патишка Река и на Миленков Камен, направивме повторувања на искачувања на некои зимски кулоари како што е кулоарот Ипсилон на Лешница. Ништо не е случајно во алпинизмот па така не е ни ова искачување. Секојдневно е следена прогноза, безброј пати се споредувани метеоролошки извештаи, анализирани се нови слоеви на снег и ветрот кој дуваше во последните неколку денови. Откако падна нова покривка во неделата на 16 Јануари, направена е цела систематизирана шема за ваков деликатен подвиг.

Утрото околу 7 часот на 19.01.2011 пристигнавме на Попова Шапка и тргнавме кон Лешница по летната патека по којашто веќе имаше поминато ратрак па тоа ни го овозможи целиот пристап за „скромни“ 2 ипол часа пеш со целокупната опрема. Под влезот на кулоарот можеше да се забележи глечерскa пукнатинa односно лавина која имаше однесено неколку дрва од корен. Девастирачка сила која нема милост за никого и ништо. Влеговме во насоката некаде околу 11 часот, а пред самиот влез и во текот на качувањето Крунослав правеше лавински профили за безбедноста на движењето. Се движевме во глечерска наврска сите тројца, популарно позната како simul-climbing. Во почетните делови на кулоарот преовладуваше прилично стабилен, замрзнат снег, популарно наречен alpine ice, па движењето ни беше координирано и прилично брзо. По неколку должини кулоарот се дели во два дела, лев и десен, па поради тоа и го добил името „ипсилон“. Од таму продолживме во левиот крак, по логичниот побезбеден дел и поради фактот дека немаше ни доволно формиран мраз за да влеземе во десниот. Од овде кулоарот станува експониран и се добива чувство како да се качуваш по Алпи. Следуваше мало стеснување во облик на инка со ширина колку да може да помине еден качувач. Овде беше потребно dry tooling искачување и се излегува во стрмниот предел, веднаш под големата карпа.

После 400 метри одминати се пропаѓаше во длабок powder snow, познато како „веслање во место“

Во одредени делови, особено по одминати 400 метра, се пропаѓаше во длабок прашкаст снег, како „веслање во место“. На моменти стоењето беше нестабилно, а бајлите беа во потрага по цврст слој. Навистина непосакуван момент. Овде Крунослав траверсираше во лево, во потврдите слоеви, веднаш под самата карпа над нас и сугерираше „шпринтање“ на таа секција во кулоарот поради лизгање на снегот под нас кој се движеше константно. По неколку експонирани должини и вистински алпски моменти, се излегува на седлото. Карпата нудеше многу малку обезбедување, едвај држеа френдовите кои ги поставивме, но затоа природата ни ги понуди откорнатните дрвја како точка за обезбедување, па ги користевме колку што можевме, друг начин не постоеше. Излеговме по цели 2 часа качување. Рутата за отстап беше прилично брза, спуштање по кулоарот кој е обележан на фотографијата со сини стрелки. На Попова Шапка пристигнавме околу 18 часот попладне. Целата акција беше изведена за неполни 11 часа.

Качувачи: Крунослав Аџиевски, Здравко Спасев, Виктор Хаџи Василев (АК Матка)

Првенствени насоки

Насока “Маргарита” на Матка во “Димева карпа” – карпата лево од насоките “К” на истоимениот сектор.

На 15.03.2025 членовите на Алпинистички клуб Скопје, Стефанија и Радован искачија првенствена насока “Маргарита” на Матка во “Димева карпа” – карпата лево од насоките “К” на истоимениот сектор.

Насока Милојкова

На 17.11.2024 беше искачена првенствена насока “Милојкова” 160м, VI- во Демир Капија на Вардар ѕидот од страна на нашите членови Стефанија и Радован. Качувана е во водство и на прва во слободен стил, има 4 должини.

“Независна” нова првенствена насока на Демир Капија – 210 метри / 4 должини / оцена IV/VI+

Со задоцнување објавувам за нова насока што ја искачивме летото со Радe и Стефанија.
Бидејќи беше качена на денот на независноста на Македонија – 8 септември 2024, го доби името Независна.

Покрај задоволството да се качуваат нови линии, за мене овој пат беше главен мотив да качувам со Радe и Стефанија, веќе силни алпинисти, но со помалку искуство во однос на нови насоки.