Метеоролошката видливост се дефинира како најголемо хоризонтално растојание на кое што одреден објект може да се види. Односно може да се каже дека видливоста претставува мерка на заматеност/прозрачност на атмосферата. Таа се изразува во метри или километри, се одредува (мери) според видливоста на одредени објекти (т.н. репери) чие што растојание од местото на опсервирање е однапред познато.
Видливоста може да биде смалена поради присуството на суспендирани честички во воздухот. Тие честички можат да бидат:
-Прашина;
-Ситни честички на чад;
-Капки од вода или мраз чие присуство може да предизвика појава на сумаглица, магла или облаци;
-Покрупни честички од песок, прашина или морски аеросоли, за чие одржување и лебдење во воздухот е потребен посилен ветер или турбуленција;
-Врнежи (од дожд, снег, град) кои можат исто така да ја влошат видливоста. Бобан Стојанов, инструктор по алпинизам