Минатата недела во Скопје се одржа генералното Собрание на Македонската алпинистичка федерација (МАФ), на кое беше избран нов претседател.
За нов претседател е избран Александар Зарапчиев, досегашниот генерален секретар и претседател на Алпинистичкиот клуб 8, кој зад себе има речиси 20 годишно искуство во алпинизмот и во активностите на МАФ.
Зарапчиев беше едногласно избран од присутните претставници на клубовите, кои му ја дадоа својата целосна поддршка да ја води Федерацијата. За генерален секретар беше именуван Илија Циривири, претставник од АК Матка Скопје, а технички секретар ќе биде Раде Набаков од АК Скопје. На Собранието, исто така, беа реизбрани членовите на Управниот одбор, во кој влегоа Илија Циривири, Александар Зарапчиев, Бобан Стојанов, Константин Циривири и Александар Дончев, а беа предложени и избрани нови членови на Управниот одбор, Слободан Димовски и Мартин Пејоски.
Во Надзорниот одбор беа избрани Антонио Додевски, Игор Талевски и Ристе Калинов. За време на собранието, формирани се нови работни групи кои ќе работат на изработка на нова долгорочна стратегија на федерацијата.
Со почит,
Македонската алпинистичка федерација
Нов алпинистички локалитет во Национален парк Галичица
Алпинистички клуб „Патагонија“ Охрид во соработка со Македонска алпинистичка федерација и Национален парк Галичица, во јули и првата половина на август ги