АЛПИНИСТИЧКИ КАМП – НЕЖИЛОВИСТЕНИ 2022

Facebook
Twitter
WhatsApp

Повик за учество во Алпинистичкиот камп, кој ќе се постави под Нежилови Стени викендот 15/16 Октомври 2022. Идејата е да се пристапи до карпата во сабота 15ти Октомври, до полицата каде што ќе се постави камп, да се разгледа карпата и да се направи план за качување во недела. Охрабруваме да дојдат и членови на МАФ кои не се спремни за качување на овие насоки, а кои ќе присуствуваат на кампот и за кои самиот пристап и планирање на едно вакво кампување ќе биде соодветен тренинг, и секако разгледувањето на карпата.

Недела е ден предвиден за качување и враќање назад.

Локација – Координати според GPS уред: N 41°41.781’ E 21°24.876’

Сите учесници треба да имаат во предвид дека ова е физички многу тешка тура, потребно е секој учесник да носи лична опрема за кампување и за алпинистичко искачување во голема карпа, како и храна/вода за два дена.

Вода нема на местото на кампот, секој учесник треба да се предвиди/да носи вода за двата денови. Последното место со извор е на 3 часа пред кампот. Пристапување и отстапување до кампот од паркинг е околу 5 часа во еден правец. Организатори на кампот се Алпинистички клуб АК8 и АК СК од Скопје.

Сите што сакаат да учествуваат да се пријават кај Александар Зарапчиев или Иван Кузмановски најдоцна до среда 12ти октомври , а дополнително за учество во кампот ќе има состанок на 13ти Октомври за утврдување на сите детали како и организирање на превоз.

Активности

Алпинистички викенд Матка 2022

Македонската Алпинистичка Федерација, со големо задоволство Ви го најавува, и Ве поканува да бидете дел од алпинистичкиот викенд на локалитетот Матка.