АЛПИНИСТИЧКА АКЦИЈА „ДОЛОМИТИ“ 2017

Facebook
Twitter
WhatsApp

Во изминатите 12 години, македонските алпинисти имаа реализирано 8 акции во Доломитите, во кои имаа учествувано 16 алпинисти и кои реализираа 26 искачувања на насоки со тежини од IV до VII. Оваа година, со поддршка од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, се продолжи присуството на нашите спортисти во овие планини, кои се докажани светски алпинистички локалитети и насоки. Тимот кој замина се состоеше од 8 члена, од кои 4 беа прв пат во овие планини и беа реализирани следните искачувања:


20.07.2017
Искачувања на Пиц Попена Басо (2224мнв)
1. Мацорана/Адлер, IV+, 120м
од наврските: 
Игор Талевски/Весна Талевска
Иван Јакимовски/Елена Диновска Зарапчиев
Методи Чилиманов/Маја Мухиќ

2. Мацорана, IV, 130м
од наврските
Игор Талевски/Весна Талевска
Иван Јакимовски/Елена Диновска Зарапчиев
Методи Чилиманов/Маја Мухиќ
Хекуран Зеќири/Радомир Набаков


21.07.2017
-Искачување на Големата кула на Фалзарего (ц. 2500мнв)

Искачена насока: 3. Ласато, IV, 130м
Од наврските:
Игор Талевски/Весна Талевска
Иван Јакимовски/Елена Диновска Зарапчиев

-Искачување на Малата кула на Фалзарего (ц. 2500мнв)

Искачена насока: 4. Јужен гребен (Комичи/ Дел Торзо/Варале), IV, 150м
од наврските:
Методи Чилиманов/Маја Мухиќ
Радомир Набаков/Хекуран Зеќири

22.07.2017
Искачување на Пиколо Лагацуои (ц. 2600мнв)
Искачена насока: 5. Виа дел Буко, IV, 250м
од наврските
Иван Јакимовски/Елена Диновска Зарапчиев
Методи Чилиманов/Маја Мухиќ
Радомир Набаков/ Хекуран Зеќири


23.07.2017
Искачување на Монте Аверау (2647мнв)
Насока: 6. Алвера (Алвера/Помпанин/Илинг/Аполонио), IV+, 150м
од наврските
Игор Талевски/Весна Талевска
Иван Јакимовски/Елена Диновска 
Методи Чилиманов/Маја Мухиќ 
Радомир Набаков/Хекуран Зеќири


25.07.2017
Искачување на Хексенштајн (2477мнв)
Насока: 7. Јужно ребро (Кобарталдо/Пецоти), IV+, 150м
од наврските
Игор Талевски/Весна Талевска
Маја Мухиќ/Методи Чилиманов
Хекуран Зеќири/Радомир Набаков

Искачување на Малата кула на Фалзарего (ц. 2500мнв)
Насока: Јужен гребен (Комичи/дел Торзо/Варале), IV+, 150м
од наврските
Иван Јакимовски/Елена Диновска Зарапчиева


26.07.2017
Искачување на Пунта Фиамес (2240м)
Насока: 8. Јужна страна (Виа Комуне), IV+, 400м
од наврските
Игор Талевски/Весна Талевска/Маја Мухиќ
Иван Јакимовски/Радомир Набаков 
Методи Чилиманов/Хекуран Зеќири


Со оглед на променливите временски услови и нејасни и нестабилни временски прогнози, можеме да констатираме дека според бројката на искачени насоки по човек и по повеќе од 1000 метри нов терен за најголем дел од членовите (4 од нив прв пат во Доломитите) – акцијата беше и повеќе од успешна. По овие искачувања, веќе имаме 20 различни алпинисти од 5 различни клубови кои биле селектирани и воведени во Доломитите – успешно и со реализирање на искачувања кои сме сигурни дека се одличен темел за реализација веќе и на самостојни (лични или клубски) акции и поамбициозни проекти.

Водач на акцијата
Игор Талевски – инструктор по алпинизам

Активности

Министерот за спорт Борко Ристовски во посета на Алпинистичкиот клуб ПАТАГОНИЈА – Охрид и Тренинг-центарот на Планинската Спасителна Служба

По минатонеделната средба во Скопје со раководството на Македонската Алпинистичка Федерација, министерот за спорт г. Борко Ристовски вчера престојуваше во Охрид, каде

Искачување на првенствена насока “Маргарита” на Матка во “Димева карпа” – карпата лево од насоките “К” на истоимениот сектор.

На 15.03.2025 членовите на Алпинистички клуб Скопје, Стефанија и Радован искачија првенствена насока “Маргарита” на Матка во “Димева карпа” – карпата лево од насоките “К” на истоимениот сектор.