Нова првенствена насока на Плоча – LAILA

Facebook
Twitter
WhatsApp

Tежината се намалува но се влегува во каминче кое е вертикално експонира

Долгото планирање и анализирање на теренот за искачувањето на новата насока му дојде редот на 13 – ти март, со ново – старите биколори кој ни ги даде Надир решивме да ја качиме новата насока. Со Гоце имавме цел да ја качиме нова насока, а за благодарност насоката ја крстивме по малата ќерка на Надир, Лела. Насоката се наога лево од Штипски на почетокот има оставено два клина за маркација.

Искачувањето започна во 11 часот на почетокот доага еден разигран терен со многу мов но веднаш влегува во пречка на плоча која има тежина од 5+ според UIAA, над плочата тежината се намалува но се влегува во каминче кое е вертикално експонирано но има доста искршени блокови. Сидриштето е на 25 метри на првата тераса на дрвата кој ги има во изобилие. Во должината оставивме два клина на почетокот, има и некоја мала скриена пукнатина за поставување на чокови и френдови.

Второто јаже започнува директно нагоре по лесен терен од левата страна има два специфични превиси, додека насоката продолжува кон мал камин со вертикална експонираност но богат со фаќалишта. Сидриштето е во жлебот на две дрва на 5 метри под ескпанзионите на Штипски. Во насоката оставивме еден клин на почетокот на каминот, додека има доволно место да се ставе додатно осигурување за чокови и френдови исто така има и мало дрво кое може да послужи за обезбедување.

Третата должина беше кратна заради комуникацијата се симнува 4 метри по жлебот, нагоре се оди нагоре по мала легната плоча за да се влезе во убав камин кој насоката ја дели од превисниот дел на секторот Квантас и легнатиот дел на централната карпа. Сидриштето беше на малото дрвото од штипски кое служи како безбедносна точка. Оставивме еден клин на клучниот дел од каминот додека има место да се постават и мали системи за обезбедување.

Четвртото јаже продолжува во директна линија наогре на полегнатиот дел каде што се поминува низ два помали скока и пред излез се доага во мал превис кој започнува со мала дупка и директно низ него се излегува, се доаѓа до експанзионите на блокот кој се сидриште на Левичарски. Во должината оставивме 3 кајли но да се внимава на делот на превисот каде што е компактно и нема место за обезбедување.

Искачувањето ни беше неизменично Гоце тргна прв, второто јаже јас го водев, третото повторно Гоце и излезот го поминав јас. Насока е за уживање им ја препорачувам на секој да ја качи и да ужива во качувањето. Нашето качување траеше неполни 2 часа.

Фотографиите се направени од мобилниот телефонот на Гоце.

Првенствени насоки

Искачен кулоарот Y(Ипсилон) на Лешница!

Само по неколкудневна пауза од качување на мраз, балансираните временски услови беа причина повеќе за искачување на кулоарот (Y, 600 метри) на Лешница. Во Новата 2011, континуирано и со огромна брзина, започнаа да се редат подвизите за алпинизмот во Македонија.

Искачување по Северната стена на врвот Вихрен

Највисокиот врв на планината Пирин се издига меѓу врвовите Кутело и Хвојнати. Јужните падини се лесно проодни и по нив поминува планинарската патека. Алпинистички објект е северната стена, висока околу 400 m, која започнува од месноста Големиот Казан. Изградена е од ситнозрнести мермери и варовник, со доста нестабилни камења.

Првенствена на Миленков Камен

Во текот на изминатиот викенд 12-13 Март 2011 за време на алпинистичкиот семинар, алпинистите од клубот Матка, Здравко Спасев и Крунослав Аџиевски искачија првенствена насока на Миленков Камен.