Искачување по Северната стена на врвот Вихрен

Facebook
Twitter
WhatsApp

За време на зимата стената е покриена со снег а на места и со мраз

Највисокиот врв на планината Пирин се издига меѓу врвовите Кутело и Хвојнати. Јужните падини се лесно проодни и по нив поминува планинарската патека. Алпинистички објект е северната стена, висока околу 400 m, која започнува од месноста Големиот Казан. Изградена е од ситнозрнести мермери и варовник, со доста нестабилни камења. Самата стена е поделена на два дела, левиот дел, наречен Триаголникот, каде се наоѓаат потешките насоки, и десниот дел, наречен Фунијата. Двата дела се разделени со карактеристичен кулоар, кој минува на десниот раб на Триаголникот. Карпата е еродирана и во одделни делови има нестабилни карпести маси, кои се причина за каменопади, кои се особени изразени за време на пролетта, дождливите летни денови и есента. За време на зимата стената е покриена со снег а на места и со мраз. Северната стена на врвот Вихрен е сврзана со развојот на екстремниот алпинизам кај нашиот источен сосед. Во оваа стена качувале и македонски алпинисти, но е релативно непопуларна, а уште помалку за зимски искачувања. Првото искачување во стената се случува во 1934 година (или според некои извори 1937 год.) од страна на двајца германски алпинисти Б. Мозел и Д-р Ф. Ауер, по најлесниот десен дел на Фунијата (насоката „Фунијата – десен дел“). Ова искачување се оспорува и постојат сведоштва дека тие ја напуштиле стената надесно кон работ. По две години се прават обиди и за зимски искачувања во стената, но безуспешно.

Долго време преминувањето на стената во зимски усолови претставува проблем број еден кај бугарските алпинисти. На 15. II 1949 година е искачена нова насока по Фунијата (Фунијата – десна варијанта) и со тоа е направено првото воопшто зимско искачување во оваа стена. Пристапот кон овој објект се прави преку гратчето Банско и тамошниот скијачки центар, веќе може да се користи и жичница (гондола), или по патот кон скијалиштето. Зоран Мајсторски, алпинист од АК „Плоча“ – Радовиш, ми предложи да одиме да качуваме во оваа стена, а уште посреќна околност беше што негови пријатели одеа на скијање во Банско и се согласија да нe земат. Така, утрото на 10. II. 2011 година тргнавме кон Банско. По формалностите и пријавувањето во полициската станица, тргнавме кон почетната станица на гондолата. По пат случајно се сретнавме со Георги Георгиев – Жоро, бугарски алпинист и наш пријател, кој ни даде свежи информации за условите во стената и за сместувањето во планинарскиот дом Вихрен.

На секое стеснување следуваше скок, а некои скокови беа во плиток камин (жлеб)

По оваа кратка средба се качивме во гондолата. Од крајната станица, тргнавм епеш кон плаинарскиот дом Б’ндерица, а потоа кон домот Вихрен. Во домот Вихрен немаше домар, но домот беше отворен. Ние се сместивме, се распакувавме и направивме нешто за јадење. Потоа пристигна и домарот. Утредента тргнавме во 6:00 кон стената. Пристапот во зимски услови најдобро е да се прави преку Џамџиевиот Раб, за да се избегне опасноста од лавини. Но, кога ние бевме немаше снег на работ така што полесно се движевме. Од работ се префрливме десно, каде има фиксирана сајла, и од таму отидовме до местото Казанот.Пред нас се отвори Северната Вихренска Стена. Забележавме една наврска од двајца алпинисти во насоката „Народна Армија“. Ние за прв пат правиме вакво искачување и се решивме за најлесната насока на Триаголникот, насоката „Кулоарот“. Според описите со кои располагавме, знаевме дека е лесна насока, која буди интерес пред сe за време на зимата. Познато е дека првото зимско искачување е направено на 14. IV. 1952 година. Пред да стигнеме во стената, едниот фото-апарат откажа поради слаби батерии, Зоран како искусен фотограф го користеше другиот и единствениот за време на качувањето. Почетокот започнав да го водам јас, и на самиот почеток наидов на мраз под наклон од над 70°. Тоа беше поголем скок. И понатаму продолжив да водам низ кулоарот кој се стеснуваше. На секое стеснување следуваше скок, а некои скокови беа во плиток камин (жлеб). За осигурување најмногу користевме клинови оставени во карпата in situ, но ковавме и наши.

На некои места треба да се слегува по терен со тежина од III+ па дури и IV-.

Исто така голем дел од френдовите ја завршија работата, а од чокови ги користевме само малите со сајла. Јас поставив и еден голем а некои места треба да се слегува по терен со тежина од III+ па дури и IV-.хексацентрик. Снегот на почетокот беше одличен, доволно тврд за качување, но во горниоте делови стана доста мек, и на стрмнини од околу 70° имавме многу отежнато качување, затоа што секој чекор беше пропаѓање. Според нашето скромно искуство во ваков вид на насоки, можеме најтешките комбинирани (микс) делови да ги оцениме со М 5-, деловите под снег (и алпски (снежен) мраз) беа под најголем агол од околу 70°. Вкупното качување заедно со излезот до Џамџиевиот раб беше околу 13 должини. На излезот малку поразговаравме со колегите алпинисти од бугарија, и се упативме надолу по Џамџиевиот Раб. Симнувањето по овој раб е технички потешко, но во зимски услови е доста побезбедно поради лавините. Во мракот стигнавме во домот Вихрен. Таму се сретнавме со еден наш пријател алпинист од бугарија, кој со свои двајца пријатели планираа утредента да качуваат во стената. Сакавме да останеме уште ден ден, но бидејќи бевме врзани со превоз, моравме утредента да се вратиме назад за Банско. Таму со нашите пријатели тргнавме назад за Македонија. Ги послушавме препораките на нашите пријатели и отидовме да качуваме во оваа прекрасна планинска стена. Иако релативно непопуларна за зимски искачувања кај македонските алпинисти, таа заслужува внимание. Воедно во оваа прилика сакаме уште еднаш да се заблагодариме на сите пријатели за понудените информации, понудената поддршка и опремата која ни ја дадоа на користење, без која ова искачување немаше да биде направено онака како што планиравме. Уште повеќе за ова искачување може да прочитате овде.

Галеријата можете да ја погледнете на сајтот на Алпинистички Клуб Матка

Никола Андоновски – АК Матка.

Првенствени насоки

Искачен кулоарот Y(Ипсилон) на Лешница!

Само по неколкудневна пауза од качување на мраз, балансираните временски услови беа причина повеќе за искачување на кулоарот (Y, 600 метри) на Лешница. Во Новата 2011, континуирано и со огромна брзина, започнаа да се редат подвизите за алпинизмот во Македонија.

Нова првенствена насока на Плоча – LAILA

Долгото планирање и анализирање на теренот за искачувањето на новата насока му дојде редот на 13 – ти март, со ново – старите биколори кој ни ги даде Надир решивме да ја качиме новата насока. Со Гоце имавме цел да ја качиме нова насока, а за благодарност насоката ја крстивме по малата ќерка на Надир, Лела. Насоката се наога лево од Штипски на почетокот има оставено два клина за маркација.

Првенствена на Миленков Камен

Во текот на изминатиот викенд 12-13 Март 2011 за време на алпинистичкиот семинар, алпинистите од клубот Матка, Здравко Спасев и Крунослав Аџиевски искачија првенствена насока на Миленков Камен.