Уште од лани ја мислев оваа линија, тогаш заедно со Методи Чилиманов сакав да ја качам, му предложив еднаш на една од посетите да качуваме превенствено мислејќи на оваа рута, на што тој прифати, но незнам од која причина не качувавме тогаш.
Се сеќавам дека речиси на секое одење кон долгите насоки на Демир Капија, пред сајлата покрај вардар фрлав по некој поглед кон оваа карпа, на самиот крај на потокот кој се влева во вардар, а минува меѓу карпите кај тунелот. Карпата се наоѓа на пред самиот Вардар од левата страна. Од близу се приметува ‘пријателскиот’ пристап на карпата, добра прегледност, лесен старт, логична линија…
Од кога веќе го приметував овој дел, бидна една насока, “доручек без ребро” на алпинистот Александар Кленов, насока која го следи гребенот на оваа карпа, на овој карпест столб, и која има сериозна оцена 6b/6c качена во чист стил, но одпосле оклинчена/избушена на сидриштата со што е направена абезел линија. Досега неповторена насока, но одсега повторен абзел, да ние сме првите кои абзелувале на оваа насока :).
Нашата насока Тријателство почнува малку во лево од овој гребен, најлесно за објаснување е ако се помине малата карпа-вежбалиште “Градинка” веднаш зад неа, кај клиновите кои војската ги користи за вежбање спасување на крапа.
Следи навидум лесен терен, со можности за осигурување, но и доста ронлив терен кој го прави комплексен. Уште од доле проценивеме дека ќе направиме сидриште на последното дрво во нашето видно поле, претпоставивме дека е до 60 метри како и нашето јаже. Првата должина ни одзема 55 метри. Тежината ни се виде 4/4+ со некои делови кои беа малку сериозни за поминување, ронливост+малку осигурани точки. Пред самото сидриште имаше дел со трева, без никакво осигурување кој беше не толку пријатен. Сидриштето беше на дрво, под сенка, сосема сигурно и пријатно.
Втората должина почна со терен во кој немавме осигурување 15тина метри, некоја плоча на која одевме како PACKMAN лево десно за да бидеме посигурни во движењето, но без обезбедени точки. Втората должина беше околу 40 метри и на два моменти имаше детали со оцена 5 грубо, според некој од нас во оваа првенствена наврска можеби и оцена 6. После првите 15 необезбедени метри, следеше кратко полесен терен, за после тоа да наидеме на многу опции за качување обезбедување и движење. Во оваа должина видовме еден алпинистички клин, забиен во плоча едно 6/7 метри во наше лево. Од Зоран Мајсторски дознавме дека можеби се работи за насока на Димитар Илиевски, воедно втора искачена насока на локалитетот Демир Капија. После овој момент следеше најинтересниот дел на насоката. Морам да признаам дека мотивиран од тоа да имаме автономна линија, но и од сигурното чуство кое го имавме за време на качувањето решив да поминам два проблеми кои ми се видоа ‘интересни’ за разигурвање на нашата првенствена линија. Првиот беше до плочата каде го видов клинот кој можеби потекнува од таа стара насока.
Се работеше за пукнатина која почнува превисесто, пукнатина со многу опции за осигурување, и која после 10тина метри дијагонално излага на полесен терен. После тој терен следеше повторно интересен дел со мал превис од со 5/6 метри над него второ сидриште, повторно на дрво, покрај овие два детали имаше можност да се помине полесно, низ камин, кој ние го одбегнавме, во име на тежината на насоката, и едноставно во добриот дух кој не следеше и сигурноста која ја имавме за време на качувањето.
Над второто сидриште следеше плочест дел, пак како реприза на втората должина без можност за осигурување, трилер во однос на висината/осигурувњето/чувството на пвенственост на тој терен.
Имаше возбуда тука. И после овој дел, после некои 20тина метри излеговме на самиот раб, и низ него, до самиот крај на јажето 60 метри должина до крајот на нашата насока низ полесен терен. Последното наше сидриште беше неколку метри над последното сидриште на насоката на Алекснадра Кленов, сидриште кои го искоростивме за абзел по неговата насока.
За абзелот можам да кажам како поминавме и како би одбрал да пробам да поминам нареден пат. Првично размисливме да се симнеме по нашата искачена линаја со искористување само на последното сидриште од азбел линијата на Кленов, по што ќе абзелувавме до второто наше сидриште – второто дрво, па од таму до првото наше сидриште -првото дрво. Логична и права линија, веќе виден и за нас познат терен. Тоа требаше да го направиме, и тоа е моја препорака за симнување од оваа насока НО единствено ако качувате со биколор, ние имавме две јажиња и тоа беше возможно само во овој случај каде можевме да врземе абзел од 60 метри, инаку абзелот кој го правевме има сидришта на нешто помалку од 30 метри и е возможен со единечно јаже. Сепак решивме да одиме по ‘сигурната’ варијанта, барем од аспект на сидришта, абзелот на Кленов.
Тоа што мене лично ми вроди сомнеж кај оваа варијанта за симнувњет е дека абзелуваме по гребен, и тоа по насока која незнам точно каде се движи, лево или на моменти десно на самиот гребен, и со силен ветар изложени на гребенот што би донело опасност од главењет на јажето. Одлуката се виде како потешка, ни одзема доста време барањето на сидришта, ветрот не направи проблем, но самата карпа не исфли неколку пати во тотален превис, каде мака мачевме да дојдеме до сидриштата, висејќи по метро до две далеку од нив, а и со два пати заглавено јаже во карпата. Два часа и триесет минути абзелувавме, не сум сигурен колку точно качувме, но одприлика 4-5 часа, со лабаво темпо, фотографирање и разговор на сидриштата, во тројка! Речиси идентично толку импресии имавме од симнувањето како и од качувањето. Користевме само френдови, чокови и хексови при качувањето. Во главно големината која ја искористив на френдови беа 1/2, 1 / 2 / 3 / 4, два големи хексови, и два сета чокови (но не беа искористени сите големини), голем број гуртни. Носевме кладиво и клинови кои не ни затребаа. Не оставивме никаква опрема во карпата.
И на крај, за името, Тријателство претставува кованица од нашето пријателство и трите должини на насоката качена во тројка воедно. Навистина јас лично сум пресреќен што конечно ја вкусив оваа долго посакувана линија, а сме заедно среќни за убавото искуство и особено што бевме на карпата од спротива, каде поретко се качува.
Благодарност до Македонската алпинистичка федерација и Зоран Мајсторски што не мотивираа баш тука да бидеме и качувме овој викенд.