Насока “Маргарита” на Матка во “Димева карпа” – карпата лево од насоките “К” на истоимениот сектор.

Facebook
Twitter
WhatsApp

На 15.03.2025  членовите на Алпинистички клуб Скопје, Стефанија и Радован искачија првенствена насока “Маргарита” на Матка во “Димева карпа” – карпата лево од насоките “К” на истоимениот сектор.

 
Качивме 110м, оценка VI во 3 должини. (I – 20м оцена 4+; II – 45м оцена 4; III – 55м оцена 6)
Почетокот се наоѓа помеѓу насоките Доверба од лева страна и Димева од десна. Првата должина се движи по еден плочест дел со пукнатини кои нудат можност за поставување опрема, каде оставивме и еден клин. Должината е 20м, оцена 4+ која ни беше повеќе налик 5+ поради големата кршливост на карпата која е покриена на делови со мов. Сидриштето е на дрво после трилер качувањето.
Од дрвото по неколку скокчиња се движи дијагонално в десно (тука воедно и ја сечи првата должина на Димева) до едно големо дрво, па уште еден скок до полицата до друго дрво десно од каде беше подобро за осигурување за следната должина бидејќи не е на пат на камењата кои паѓаа. Должината е 45м, а оцена 4. Оставивме 2 клина in situ, а сретнавме и 1 од Димева.
Третата започнува со пречење в лево кон левиот дел на жлебот, каде има закован клин и од него се продолжува право нагоре до излез на врвот каде направивме сидриште со гуртна околу карпа и клин (подоцна го извадивме). Должината е 55м со оцена VI.
За отстап се спуштивме лево во долот низ обраснат терен до патеката покрај р. Треска. Потребна опрема за качување на насоката сет френдови (ние користевме помали Тотеми и Блек Диамонд до 2ка), сет чокови, чекан, 2-3клинови, 12 комплети.

Првенствени насоки

Насока Милојкова

На 17.11.2024 беше искачена првенствена насока “Милојкова” 160м, VI- во Демир Капија на Вардар ѕидот од страна на нашите членови Стефанија и Радован. Качувана е во водство и на прва во слободен стил, има 4 должини.

“Независна” нова првенствена насока на Демир Капија – 210 метри / 4 должини / оцена IV/VI+

Со задоцнување објавувам за нова насока што ја искачивме летото со Радe и Стефанија.
Бидејќи беше качена на денот на независноста на Македонија – 8 септември 2024, го доби името Независна.

Покрај задоволството да се качуваат нови линии, за мене овој пат беше главен мотив да качувам со Радe и Стефанија, веќе силни алпинисти, но со помалку искуство во однос на нови насоки.

“Вторенствена идеја”, нова насока во Демир Капија, искачена на 03.09.2023

“Вторенствена идеја”, името на нова насока во Демир Капија која ја искачивме на 03.09.2023 со @radenabakov во традиционален стил користејќи френдови и чокови и само еден клин (кој и не е потребен во оваа верзија на насоката), на дел од локалитетот кој спонтано почнавме да го именуваме како Vardar Wall.