Две нови насоки на северната страна на Остри Врв, “Дрвце” и “Стерна”

Facebook
Twitter
WhatsApp
Минатиот викенд алпинистите на МАФ со две нови насоки на северната страна на Остри Врв.
Иако температурите не ветуваа многу, сепак се искористи максимумот од околностите.
Едната наврска беше формирана од Александар Дончев и Горан Јорданов од А.К. “Скала”. Тие искачија насока со должина од 500м. и тежина AD, ја именуваа “Дрвце”.
Втората наврска беше од Илија Циривири и Владо Настески од А.К. “Матка”, кои исто така искачија насока со должина од 500м, тежина WI5 60°/90° M3+. Насоката се вика “Стерна”.
Овие две искачувања претставуваат мал дел од потенцијалот на овој локалитет. Наскоро повеќе инфо за насоките и искачувањата.

Првенствени насоки

Насока “Маргарита” на Матка во “Димева карпа” – карпата лево од насоките “К” на истоимениот сектор.

На 15.03.2025 членовите на Алпинистички клуб Скопје, Стефанија и Радован искачија првенствена насока “Маргарита” на Матка во “Димева карпа” – карпата лево од насоките “К” на истоимениот сектор.

Насока Милојкова

На 17.11.2024 беше искачена првенствена насока “Милојкова” 160м, VI- во Демир Капија на Вардар ѕидот од страна на нашите членови Стефанија и Радован. Качувана е во водство и на прва во слободен стил, има 4 должини.

“Независна” нова првенствена насока на Демир Капија – 210 метри / 4 должини / оцена IV/VI+

Со задоцнување објавувам за нова насока што ја искачивме летото со Радe и Стефанија.
Бидејќи беше качена на денот на независноста на Македонија – 8 септември 2024, го доби името Независна.

Покрај задоволството да се качуваат нови линии, за мене овој пат беше главен мотив да качувам со Радe и Стефанија, веќе силни алпинисти, но со помалку искуство во однос на нови насоки.