“Вторенствена идеја”, нова насока во Демир Капија, искачена на 03.09.2023

Facebook
Twitter
WhatsApp

 “Вторенствена идеја”, името на нова насока во Демир Капија која ја искачивме на 03.09.2023 со @radenabakov во традиционален стил користејќи френдови и чокови и само еден клин (кој и не е потребен во оваа верзија на насоката), на дел од локалитетот кој спонтано почнавме да го именуваме како Vardar Wall. 

Со Раде Набаков, прв пат качувавме заедно во наврска после долги години другарување.

Следните неколку фотографии треба да доловат каде се наоѓа, означено со сина линија во десно.

5 должини, од кои првата и последната качувавме без јаже, малку полесни со оцена III+.

Должината на целата линија е околу 200 метри, можеби до 250, оцената би рекле до / околу IV+, има превис во втората должина, и траверс во третата со можност да се потешки, но треба да се проверат повторно. Одлична квалитетна карпа, супер можности за обезбедување.

Околу клинот – Во насоката имавме обид да искачиме еден драстично потежок дел, каде што заковавме само еден клин, поради ронливост решивме да одстапиме од таа идеја, само тој клин е забиен кој сега е непотребен за оваа верзија од линијата линија, но останува како можност за некое следно качување да се проба потешката варијанта.

Името. Имавме идеја за друга линија, која поради дожд не успеавме да ја пробаме во јули 2023, но овој пат поради краткото време на располагање, решивме да го скратиме пристапот и да влеземе во друга линија, па оттаму името вторенствена идеја 🙂

Првенствени насоки

Насока Милојкова

На 17.11.2024 беше искачена првенствена насока “Милојкова” 160м, VI- во Демир Капија на Вардар ѕидот од страна на нашите членови Стефанија и Радован. Качувана е во водство и на прва во слободен стил, има 4 должини.

“Независна” нова првенствена насока на Демир Капија – 210 метри / 4 должини / оцена IV/VI+

Со задоцнување објавувам за нова насока што ја искачивме летото со Радe и Стефанија.
Бидејќи беше качена на денот на независноста на Македонија – 8 септември 2024, го доби името Независна.

Покрај задоволството да се качуваат нови линии, за мене овој пат беше главен мотив да качувам со Радe и Стефанија, веќе силни алпинисти, но со помалку искуство во однос на нови насоки.

Трета смена

Први Качувачи : Зоран Мајсторски, Гоце Јовановски и Јован Станишков.
Должина и тежина : 200 метри 4 должини IV, VII А0 Карпа: Демир Капија
Местоположба : Насоката се наоѓа на левата карпа од реката Вардар во централниот дел, десно од специфичниот голем камин кој ја дeли карпта на два дела.