Минатата недела во Скопје се одржа генералното Собрание на Македонската алпинистичка федерација (МАФ), на кое беше избран нов претседател.
За нов претседател е избран Александар Зарапчиев, досегашниот генерален секретар и претседател на Алпинистичкиот клуб 8, кој зад себе има речиси 20 годишно искуство во алпинизмот и во активностите на МАФ.
Зарапчиев беше едногласно избран од присутните претставници на клубовите, кои му ја дадоа својата целосна поддршка да ја води Федерацијата. За генерален секретар беше именуван Илија Циривири, претставник од АК Матка Скопје, а технички секретар ќе биде Раде Набаков од АК Скопје. На Собранието, исто така, беа реизбрани членовите на Управниот одбор, во кој влегоа Илија Циривири, Александар Зарапчиев, Бобан Стојанов, Константин Циривири и Александар Дончев, а беа предложени и избрани нови членови на Управниот одбор, Слободан Димовски и Мартин Пејоски.
Во Надзорниот одбор беа избрани Антонио Додевски, Игор Талевски и Ристе Калинов. За време на собранието, формирани се нови работни групи кои ќе работат на изработка на нова долгорочна стратегија на федерацијата.
Со почит,
Македонската алпинистичка федерација
Министерот за спорт Борко Ристовски во посета на Алпинистичкиот клуб ПАТАГОНИЈА – Охрид и Тренинг-центарот на Планинската Спасителна Служба
По минатонеделната средба во Скопје со раководството на Македонската Алпинистичка Федерација, министерот за спорт г. Борко Ристовски вчера престојуваше во Охрид, каде