Алпинистички викенд Матка 2022

Facebook
Twitter
WhatsApp

Македонската Алпинистичка Федерација, со големо задоволство Ви го најавува, и Ве поканува да бидете дел од алпинистичкиот викенд на локалитетот Матка.

Целта на овој собир ќе биде, запознавање и качување со активни и искусни алпинисти, качувачи и ентузијасти за вертикалите. Заедничко дружење и повторување на основните принципи за безбедност при практикување на алпинистички и качувачки активности, и воедно запознавање со истите за сите нови и неискусни учесници.

  • Добредојдени се сите, стари, нови, млади, возрасни, искусни, неискусни, љубители на вертикалниот свет на алпинизмот и качувањето по карпи.
  • Во рамките на собирот, ќе биде организиран и заеднички ручек, во манастирот Свети Никола – Шишевски.
  • Собирот е со официјален почеток на 12ти ноември (Сабота) во 8:30 часот.

Активности

АЛПИНИСТИЧКИ КАМП – НЕЖИЛОВИСТЕНИ 2022

Повик за учество во Алпинистичкиот камп, кој ќе се постави под Нежилови Стени викендот 15/16 Октомври 2022. Идејата е да се пристапи до карпата во сабота 15ти Октомври, до полицата каде што ќе се постави камп, да се разгледа карпата и да се направи план за качување во недела.