Поставени нови иноксни ознаки со имиња од насоки на Матка

Facebook
Twitter
WhatsApp

🌄 Македонската алпинистичка федерација – МАФ презеде уште еден значаен чекор за подобрување на безбедноста и ориентацијата на локалитетот Матка! Поставени се иноксни плочки кои го означуваат името и оцената на поголемиот дел од алпинистичките насоки.

👏 Огромна благодарност до Раде Набаков и Стефанија Микаровска од Алпинистичкиот клуб Скопје – АК СК и Александар Зарапчиев од Алпинистички клуб 8 – АК 8 за посветеноста и вложениот труд на 10.11.2024!

Остануваат уште неколку поретко користени и качувани насоки за означат, процес што ќе се заврши наскоро.

Со почит,
МАФ

Активности

Искачување на првенствена насока “Маргарита” на Матка во “Димева карпа” – карпата лево од насоките “К” на истоимениот сектор.

На 15.03.2025 членовите на Алпинистички клуб Скопје, Стефанија и Радован искачија првенствена насока “Маргарита” на Матка во “Димева карпа” – карпата лево од насоките “К” на истоимениот сектор.