Зимско алпинистичко искачување на Солунска Глава, 09.02.2025.

Facebook
Twitter
WhatsApp

Алпинистите Ангел Куртелов и Александар Зарапчиев имаа успешно зимско искачување на насоката Абзел линија во слободен стил.

Еве што тие напишаа: Со Ангел под карпата бевме за првпат во зима. Не знаевме многу, или поточно речено – ништо за тоа што да очекуваме. Немавме целосно дефиниран план што ќе качуваме. Дојдовме со идеи и отворени опции, а околностите “нè натераа” да ја избереме „Абзел линија“, бидејќи изгледаше одлично и не погрешивме со изборот!

Насоката што ја избравме да ја качуваме и временските услови ни подарија идеална комбинација за зимско алпинистичко искачување: цврст смрзнат снег, замрзнати делници и по некоја карпеста секција. Совршени услови!

Привилегија е да се споделува ваков магичен момент со вистинскиот сопатник – некој кој ја разбира твојата страст и ја дели твојата решителност.

Активности

Нова алпинистичка насока во Демир Капија

На 17.11.2024 беше искачена првенствена насока “Милојкова” 160м, VI- во Демир Капија на Вардар ѕидот од страна на нашите членови Стефанија и Радован. Качувана е во водство и на прва во слободен стил, има 4 должини.