Обуки

АЛПИНИСТИЧКА ОБУКА

Алпинистичката обука се спроведува на ниво на алпинистички клубови и на ниво на Македонската алпинистичка федерација.

Во рамките на клубовите обуката се спроведува преку организирани алпинистички училишта кои се раководени од страна на Инструктори по алпинизам кои поседуваат важечка инструкторска лиценца.

Алпинистички училишта се организираат и во клубовите каде што нема инструктори по алпинизам, меѓутоа овие училишта работат под директно менторство на Македонската алпинистичка федерација.

Програмата за работа на алпинистичките училишта е единствена за целата федерација и обврска на клубовите е да се придржуваат до истата.

Обуката во рамките на Македонската алпинистичка федерација се спроведува преку курсеви и семинари. Курсевите и семинарите најчесто се од тематски карактер и на нив се обработуваат структурирани содржини кои се наменети за одреден алпинистички назив или пак за одреден сегмент од алпинистичката проблематика.

Секоја година Македонската алпинистичка федерација организира најмалку по еден семинар и курс за ‘‘зимски‘‘ и за ‘‘летен‘‘ алпинизам, како и по еден семинар за алпинистичките називи ‘‘Алпинист‘‘ и ‘‘Инструктор по алпинизам‘‘.

Присуството на семинарите е задолжително за сите алпинисти кои сакаат да ја обноват важноста на стекнатиот алпинистички назив во текот на календарската година.

Обука за алпинистички називи

Обуката на македонските алпинисти се спроведува според унифицирана програма во рамките на Македонската алпинистичка федерација. Во продолжение можете да ги погледнете програмите за обука за секој од алпинистичките називи. За стекнување право за полагање за одреден алпинистички назив, покрај совладување на наставниот материјал од програмата за обука, неопходно е и исполнување на критериумите од Правилникот за работа на МАА кои се однесуваат на реализираните алпинистички искачувања, и кои претставуваат надградба на основната програма за обука.