Локалитети

АЛПИНИСТИЧКИ ЛОКАЛИТЕТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Со оглед на тоа што Република Македонија се простира на површина каде што доминира ридско – планински рељеф, сосема е логично дека кај нас има голем број алпинистички локалитети. За жал, само мал дел од вкупниот потенцијал е ставен во функција на алпинизмот, но со незаприливото омасовување на спортот постојано се зголемува и бројот на локалитетите каде што се изведуваат алпинистички искачувања.

Во рубриките кои следуваат во овој дел од нашата интернет страна, дадени се податоци главно за оние алпинистички локалитети кои се уредени со “in situ” осигурување или пак локалитети за кои што поседуваме систематизирани информации. Меѓутоа стручните служби на Македонската алпинистичка федерација стојат на располагање за помош со информации и за алпинистичките локалитети кои не се дел од објавените рубрики, а во кои што се изведуваат алпинистички искачувања. Регионалните клубови и Комисијата за уредување на алпинистичките локалитети ви стојат на располагање за да добиете најнови информации за моменталната состојба во нашите карпи.

Локалитети

Локалитет Плоча

Алпинистичко, спортско качувачки локалитет Плоча се наоѓа во југоисточна Македонија на 23 километри од градот Штип. До него води регионалниот пат Штип-Радовиш, а од главниот град Скопје се  стигнува преку автопатот М75 Скопје-Велес и регионалниот пат Велес-Штип.

Патишка Река

Патишка река се наога на 40 км од Скопје. Со својата специфична организација на мразот Големиот кулоар нуди одлични услови за качување на насоки со различни тежини и во различни техники на качување. Должината е преку 150м. Сувата карпа е со должина од околу 200м.

Остра Карпа, Стогот

Остра карпа е по многу што единствен локалитет во нашата земја. Се наоѓа во карпест масив на Селечка планина кој се протега во должина од 20 км, сместен северно и југозападно од градот Прилеп. Карпата по својот состав е гранит со примеси и нуди одлични услови за уживање во искачувањето од типот на clean free climbing.

Солунска Глава

Солунска Глава е најмаркантниот алпинистички објект сместен во централниот дел на земјата, на планината Јакупица. Солунска Глава всушност преставува највисокиот врв на планината Јакупица со надморска височина 2540 м. Карпите на Солунска Глава  се сместени во форма на амфитеатар над изворот на реката Бабуна со широчина од околу 5 км. и височина до 1000м., а познати се под името Нежилови стени (Нежилови карпи).

Лешница

Лешница преставува еден мошне живописен регион во срцето на Шар Планина, најубавиот планински масив во нашата земја. Алпинистичките локалитети во регионот се разместени на површина во радиус од 10 км.

Демир Капија

Алпинистичкиот, спортско качувачкиот локалитет “Демир Капија” се наоѓа во централниот дел од Македонија, на100км од Скопјe. На самиот автопат E-75 Скопје-Гевгелија се издигнува карпата покрај реката Вардар.

Матка

Алпинистичко, спортско качувачкиот локалитет “Матка” се наоѓа во кањонот на реката Треска околу 15 км југозападно од Скопје. До Матка може да се дојде со возило и со градски автобус бр.2 и 12 до с. Сарај, а од таму со минибус бр.60. Минибусот тргнува на секои 100 мин од с. Сарај. 