Настани

Како и во изминатите години, Агенцијата за млади и спорт, по доставувањето на ранг листата од страна на Македонската Алпинистичка Федерација, помеѓу добитниците на стипендиите „Спортска надеж“ за оваа година, вклучи и млади и надежни алпинисти.

Тоа се Тадеј Циривири од АК Матка од Скопје и Александар Мајсторски од АК Плоча од Радовиш.


Тадеј и Александар, во изминатиот период во најголема мера го заслужија нивното предложување пред АМС од страна на МАФ, како од аспект на резултати, така и од аспект на посветеност и исполнување на своите обврски кон матичните клубови и федерацијата.


До сега добитници на оваа стипендија од рамките на алпинистичките клубови беа и Александар Старделов од АК Матка и Јован Станишков и Стефан Ристов од АК Плоча.

Од година во година, бројот на млади спортисти во нашата федерација расте – во сите клубови и наскоро се надеваме дека оваа стипендија дополнително ќе ја инспирира и зголеми активност која ќе донесе конкуренција и уште поголем квалитет.

View the embedded image gallery online at:
http://macf.mk/nastani/94-sportski-nadezi#sigFreeId6423d4416c

Найти где скачать шаблоны Joomla 3.4.