Настани

Претседателот на Македонската алпинистичка федерација, Игор Талевски, деновиве присуствува на биеналната меѓународна работилница за снежна наука, која оваа година се одржува во Брекенриџ, САД. 

 


Ова е собир на институции од целиот свет, кои своите активности ги практикуваат во планините во снежни услови: научници, спортисти, водичи, спасители итн, кои ги разменуваат своите искуства од повеќе области, како на пример процесите на формирање на лавини, тестови за стабилност на снежни слоеви, можности за предвидувања, едукација на млади, човечки фактор во лавински услови, претставување на најновата опрема за превенција и заштита и многу други сродни теми. 

Нашиот претседател на оваа работилница која се одржува под мотото "Поврзување на теоријата и праксата" учествува благодарение на подршката од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.

 

View the embedded image gallery online at:
http://macf.mk/nastani/90-2017-04-18-18-34-05#sigFreeIdc6482af21d

Найти где скачать шаблоны Joomla 3.4.