Настани

За време на викендот на Матка се одржа алпинистички собир со тематски содржини од областа на “летниот алпинизам“.

Се работеше според комбинирана програма која беше составена од качување алпинистички насоки и демонстрација и вежби за одредени едукативни содржини. Првата половина од денот беше наменета за качување во алпинистичките насоки на Отмарова Карпа, а попладне се вршеа презентации и вежби од неколку области поврзани со безбедноста при качувањето на “сува карпа“.

Алпинистичкиот собир имаше основна цел да се зајакнат капацитетите на клубовите при нивната работа со почетници во пресрет на предстојниот период на “летен алпинизам“. Во главниот фокус на наставните активности беа алпинистите со назив “Алпинист“ и “Аспирант за алпинист“ кои се вклучени во работата со почетници во клубовите на Македонската алпинистичка федерација, меѓутоа во демонстрациите и вежбите активно учество земаа и напредните почетници. Се работеа главно теми од областа на безбедноста при изведување алпинистички качувања на сува карпа со акцент на поставување на осигурување во карпа, изработка на сидришта, задржување на пад и извлекување на паднат качувач од карпа, како и пакување, одржување и чување на опремата за качување. За наредниот период клубовите имаат обврска еднаш седмично, во рамките на редовните тренинзи да ги повторуваат презентираните содржини. При качувањата во алпинистичките насоки беа постигнати одлични резултати бидејки речиси сите присутни почетници, под менторство на поискусните колеги изведоа качувања кои се за најмалку една тежинска категорија повисоки од нивните претходни качувања, а добар дел од нив за прв пат водеа во алпинистички насоки. Презентираните наставни содржини беа брзо усвојувани. За успешноста и постигнатата цел на собирот говори и фактот дека меѓу учесниците шестмина беа на возраст од 8 до 14 години и сите земаа активно учество при качувањето долги насоки и за време на едукативните сесии. Наредниот алпинистички собир во организација на Македонската алпинистичка федерација е предвиден за две седмици, а треба да се одржи во алпинистичкиот локалитет Плоча. Собирот, исто така ќе биде од комбиниран тип - качување и едукација за безбедност при качување. Детални информации за одржувањето на собирот и работните содржини ќе бидат објавени на почетокот на последната седмица од месец Март, откако ќе имаме попрецизни информации за временската прогноза.

View the embedded image gallery online at:
http://macf.mk/nastani/87-sobir-18-19-03-2017#sigFreeId2b79c8fbb1

Найти где скачать шаблоны Joomla 3.4.