Настани
Почитувани,
 
Управниот одбор на Македонската Алпинистичка Федерација – МАФ на состанокот одржан на 24-ти април 2019-та година, донесе неколку важни одлуки, за кои верува дека ќе допринесат во креирање на нови подобри резултати и раздвижување на состојба во Македонската Алпинистичка Федерација.
 
Имено, одлуките се однесуваат на започнување за процес на обука на нови алпинисти со назив „Инструктор“, избор на нов претседател, зачленување на Федерацијата во UIAA, формирање на ново управувачко тело составено од млади алпинисти, изработка на долгорочна стратегија за дејствување на федерацијата, активности за уредување на локалитети, како и измена на името на федерацијата согласно упатствата добиени од Агенцијата за млади и спорт.
 
За нов претседател на федерацијата е избран Илија Циривири, кој доаѓа од клубот АК Матка од Скопје и кој зад себе има 13годишно искуство во својот клуб и во активностите на МАФ, и претставува истакнат член на алпинистичката заедница. На истиот состанок беше формирано ново управувачко тело, составено со млади алпинисти со неколку од најактивните клубови во МАФ. Александар Зарапчиев е назначен за Генерален Секретар на МАФ, а останатите членови на управувачкото тело се: Мартин Пејоски, Ангел Куртелов, Ристе Калинов и Мило Кукутанов. Ова тело е формирано со единствена цел да се инволивираат што повеќе млади алпинисти во работата и активностите на МАФ, како и да ја дисперзираат одговорноста на управниот одбор. Ваквиот развој ќе овозможи создавање на нова генерација на кадар кој постепено би ги превземал активностите на МАФ.
 
Една од најважните работи е изработката на долгорочен план за дејствување на МАФ, кој опфаќа мерки кои водат кон зајакнување на инструкторскиот кадар на МАФ, зајакнување на знаењето на членството со конкретни едукативни програми, планирање на меѓународни експедиции во иднина, и многу важно: зацврстување на МАФ на интернационално ниво - во смејството на UIAA.
 
Согласно барањето и насоката на Агенцијата за млади и спорт, Македонската алпинистичка федерација донесе одлука за измена на името. Новото име ќе биде Алпинистичка федерација на република Северна Македонија АФРСМ.
 
Со почит,
Македонската алпинистичка федерација
Найти где скачать шаблоны Joomla 3.4.